Бигорски манастир го одбележа денот на раѓањето на Свети Јован Крститетл
Познатото македонско древно светилиште манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир денеска ја одбележа својата втора манастриска слава -Денот на раѓањето на Свети Јован Крстител.
Манастирот беше преполн со верници уште од синоќа кога беше отслужено сеноќно бдение, со кое чиноначалствуваше неговото високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион.
На бдението за првпат гостуваше хорот при храмот „Св. Пантелејмон“ – Ахарна, Атина, Република Грција, под раководство на протопсалтот Илија Редијадис Тумбас, претседател на сојузот на протопсалти на Атина.
- Нека семоќниот Бог Промислител ги умножи силите на сите оние коишто ѝ мислат добро на едната, света и соборна Црква, за најпосле, да биде исцелена болката што со децении ја мачи правоверната паства на Охридската архиепископија! Зашто голема рана е за нас, продолжувачите на охридската црковна традиција, тоа што Охридската архиепископија, со која православниот народ одовде е органски сврзан со вековни врски, е сѐ уште надвор од сеправославното семејство,рече меѓу другото игуменот на Бигорската Света Обител, Архимандрит Партениј на синоќното бдение.
Со Светата архиерејска празнична литургија денеска чиноначалствуваше митрополитот дебарско - кичевски г.Тимотеј, во сослужение со митрополитот брегалнички г.Иларион и епископот хераклејски г. Климент.
Меѓу големиот број верници гостин на Бигорски денеска беше и Даријан Сотировски, претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, кој на анхримандрит Партениј му подари резба со ликот на Свети Јован Дебранин, првиот архиепископ охридски.
Ново на Сител
-
Изминатата недела санкционирани 150 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Голема „Македонска вечер“ во Хамбург за собирање средства за изградба на Црковен храм | ВИДЕО
-
Кај струмичанец пронајдени 672 парчиња брендирана роба без документација, против него ќе биде поднесена пријава
-
Изгореа хаварисани возила во кругот на струмичката болница
-
„Конклава“ најдобар филм на БАФТА наградите
-
Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар | ФОТО
-
Земјотреси од 5,1 степен во близина на Санторини - за 19 дена над 19.200 потреси
-
Прв чартер лет од Германија