Биенална изложба „Кумановски графичари 2018“
Тринаесет автори од Куманово, ќе учествуваат на биеналнатa изложба на графики „Кумановски графичари 2018“, што ќе се одржи вечерва во 19.30 часот во центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Ова е осмо издание на изложбата чиј организатор е НУЦК „Трајко Прокопиев“. Прв пат на изложбата покрај докажаните автори ќе учествуваат и студенти од Куманово, така што публиката ќе има можност да проследи 27 графички листови, работени во повеќе графички техники.
Во делата се чувствува влијанието на дигиталната технологија и свртувањето кон компјутерската графика како тренд којшто допрва ќе доминира во овој сегмент на визуелниот израз, сепак, присутни се и доминантни класичните графички техники.
-Иако, градот Куманово е општина во којашто дипломираните академски графичари се во поголем број во однос на другите градови во Македонија, сепак не може да се каже дека во моменталната продукција е направен некој прогрес во смисла на зголемување на графичките трудови и нивна поширока презентација, за што се потребни услови за работа за сложените графички процеси“-вели Роберт Цветковски, од Центарот за култура.
На годинешнава изложба учествуваат кумановските графичари Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Наим Идризи, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Елеонора Накевска, Сандра Симоновска, Марио Стошевски и Дејвид Стоилковски.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и во Куманово ќе биде презентирана до 20 декември, годинава , по што ќе биде претставена и во другите градови од државата.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст