Библиотека во чест на проф. Гашпар Биро во Американ колеџ-Скопје
Универзитетот Американ колеџ-Скопје денеска во свите простории ќе отвори универзитетска библиотека во чест на проф. Гашпар Биро (1958-2014), кој предавал меѓународно право и политика на Универзитетот „Етвош Лонранд“ во Будимпешта и бил специјален претставник на Обединетите нации за Судан.
Сенатот на Американ колеџ Скопје во 2010 година му ја додели на Гашпар Биро титулата почесен професор за неговиот исклучителен придонес во развојот на Универзитетот и за неговите извонредни постигнувања во политичките науки, во унапредувањето на човековите права и во заштитата на малцинствата.
- Проф. Гашпар Биро беше посветен пријател на Македонија. Неговите колеги, како и дипломатите високо ги ценат неговите напори во раните фази на меѓународно признавање на Република Македонија, како и неговиот придонес за продлабочување на билатералните односи меѓу Унгарија и Македонија. Пред сé, тој ќе биде запаметен како брилијантен интелектуалец кој храбро се залагаше за идеалите на слобода и човечко достоинство, соопшти Американ колеџ Скопје.
Библиотеката ќе ја отворат Иштван Иѓарто, државен министер за културно-научна дипломатија при Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, и Марјан Бојаџиев, ректор на Американ колеџ.
По отворањето на библиотеката, ќе биде одржано и предавање на тема „Еден век од правното признавање на исламот во Унгарија“ на д-р Балаш Дери, директор на Центарот за проучување на религијата при Универзитот „Етвош Лоранд“ во Будимпешта.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка