-->
-->
Би-Би-Си: Осум „сомнителни“ тенисери играат на Австралија Опен
-->

Британскиот сервис BBC пренесува дека постојат докази, дека врвни светски тенисери местеле мечеви дури и на најголемиот од сите турнири, Вимблдон. BBC во текстот тврди дека поседува документи кои докажуваат дека мечеви биле местени и на најголемите светски турнири.
„Во последните 10 години за местење се обвинети 16 тенисери, кои на АТП листата биле меѓу најдобрите 50 во светот. Сите тие продолжија да играат тенис, а некои од нив станаа и Грен слем шампиони“, пишува BBC.
„Документите кои ги добивме покажуваат дека во Русија, северна Италија и Сицилија се уплатувале стотици илјади фунти на наместени мечеви, од кои три се одиграни на Вимблдон“.
Марк Филипс, еден од оние луѓе кои го истражувале местењето на мечеви во тенисот од 2007 година, потврдува дека следел одреден број на играчи.
„Имаше околу десет тенисери за кои верувавме дека најчесто местат мечеви. Доказите до кои дојдовме се навистина јаки“, рекол Филипс.
BBC, одлучил да не ги објавува имињата на тенисерите, бидејќи без пристап кон нивните банкарски сметки и компјутери, не е можно да се утврди дали тенисерите лично учествувале во местенките.
Британците ги поседуваат наодите од истрагата на Tennis Integrity Unit, а дури осуммина ‘сомнителни’ тенисери, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, го започнаа учеството на Австралија Опен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст
-

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец
-

„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација
-

Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски - Гарка | ФОТО
-

Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп
-

Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
