Безживотно тело на 42-годишник од Тетово најдено во близина на селото Нераште

Тетовската полиција информира дека попладнево околу 16 часот е најдено безживното тело на 42 годишник од Тетово, кој бил пријавен од сопругата дека од вчера во 18 часот е излегол од дома и не се јавувал на телефон. Со соопштението на СВР Тетово се наведува дека на стакло од возилото во кое е најден 42 годишник има дупка од испукан куршум и постои првично сомневање дека е застрелан.
Случајот рано утринава во 2 часот во СВР Тетово го пријавила 33 годишната сопруга Б.Б.(33). Таа пријавила дека вчера околу 18.00 часот нејзиниот сопруг А.Б.(42)се оддалечил од домот со патничко со моторно возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблици и не се јавувал на телефонските повици.
- Денес околу 16.15 часот во во ниви атар на село Нераште полициски службеници од Полициско одделение Теарце забележале паркирано возило „Ауди Q5" со тетовски регистерски таблици. Внатре во возилото е забележано е машко лице, кој не давал знаци на живот. На возачкото стакло имало отвор од испукан проектил и лицето во пределот на главата бил облеан во крв со првично сомневање е дека лицето било застрелано со огнено оружје, соопшти СВР Тетово.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по увидот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово било потврдено дека се работи за А.Б. од Тетово.
МИА
Ново на Сител
-

Над 70 проценти раст во авиосообраќајот во последните 2 години
-

Хегсет: Американската војска треба да добие Нобелова награда за мир
-

Уапсен 29-годишен гостиварчанец, силувал малолетничка и објавил експлицитни содржини од неа
-

Од ССКМ бараат транспарентна истрага и нулта толеранција за нелегални медицински практики
-

Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи се сретна со пакистански претставници во Исламабад
-

Поднесена кривична пријава за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани
-

Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание
-

58-годишник од Скопје силувал 13-годишно девојче
