Безос продаде нов пакет акции за 990 милиони долари
Основачот и директор на Амазон Џеф Безос во првите два дена на август продал уште еден пакет од над 530.000 акции на Амазон за 990 милиони долари.
По плаќањето на данокот, нето добивката од оваа трансакција на Безос ќе му донесе 750 милиони долари.
Само неколку дена претходно, Безос продаде акции вредни 1,8 милијарди долари, од што ќе му останат 1,4 милијарди долари.
Како најбогат човет на планетата, Безос сега вреди проценети 110,1 милијарда долари, сметајќи ја заклучната цена на акциите на Амазон во понеделникот.
Портпаролот на Амазон одби да соопшти за што Безос продал уште еден пакет акции. Аналитичарите сметаат дека средствата му се потребни за финансирање на „Блу Ориџин“, компанија за истражување на вселената, која Безос ја основаше во септември 2000 година.
Ново на Сител
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули