Бездомник ја спасил од напаѓач, а таа за возврат му купила камп приколка
Бездомникот Марк Шермингтон од британскиот град Шефилд и помогнал на 33-годишната Ели Веб, која една вечера кога се враќала кон својот дом била следена од сомнителен маж.
Храбриот 47-годишен бездомник го пресретнал сомнителниот маж, кој се преплашил од неговите кучиња и побегнал. По ова, Марк ја испратеил Ели до нејзиниот дом и на разделбата таа му го запишала нејзиниот телефонски број на книгата што ја читал.
Како што објави локалниот весник „Виган Тудеј“, следниот ден Марк и се јавил на Ели за да провери дали е добро и дали е се в ред, по што тие останале во контакт.
Меѓутоа, неколку месеци подоцна Ели дознала дека Марк морал да го премести својот шатор од местото на кое бил поставен, поради поплаките на жителите на околните згради на неговите кучиња.
Ели решила да преземе нешто и преку интерент страната „ГоуФандМи“ почнала да прибира донации, со кои му купила камп приколка на Марк.
Приколката во моментов се наоѓа на еден јавен паркинг, додека Марк очекува да се ослободи место во локалниот камп, каде ќе може да се пресели.
- Оваа не е дом, каков што посакувам за него, но сепак е чекор кон подобро. Сега барем има каде да се истушира и да спие, изјави Ели за „Виган Тудеј“.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија