Безбедносните ризици за Македонија, исти како и за останатите земји

Безбедносните предизвици во Македонија нималку не се разликуваат од другите земји во ЈИЕ, но и во цела Европа. Тие во земјите на Балканот веќе не се однесуваат на агресивниот национализам или промени на границите, туку по еден пресврт на историјата се слични како и во останатите земји а се гледаат во тероризмот. За справување со новите предизвици потребна е подготвеност на институциите, но и меѓусебна соработка на земјите.
Ова се ставовите на дел од учесниците на Конференцијата „Новите безбедносни предизвици во ЈИЕ и перспективите на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ” што се одржа денеска во организација на Евро-Атлантскиот совет на Македонија.
- Може да се каже дека за прв пат после долги години старите предизвици на Балканот се практично архивирани, пред се како агресивниот национализам на некои од народите во регионот, границите се поситуирани и новите ризици во еден интересен пресврт во историјата се слични со безбедносните предизвици во Западна Европа, на пример, рече Стево Пендаровски, професор на Американ Колеџ.
Според него, мигрантската криза не е голем извор на закани, туку, како што рече, најголема закана за Западна Европа и САД од радикалниот ислам објективно доаѓа од втората и третата генерација муслимани кои таму живеат.
Тој не смета дека членството на Македонија во НАТО, може да помогне во справувањето со овие предизвици.
- Може да бидете под кој сакате безбедносен чадор, но, најголем проблем се де факто луѓето кои се враѓаат од боиштата. Државата мора да покаже максимална мобилност и мониторинг за да не доживееме непријатно изненадување. И да сте членка на НАТО 10-20, но и еден двајца со такво воено искуство може да направат проблем, рече Пендаровски.
Исмет Рамадани, претседател на Евро-Атлантскиот совет на Македонија се согласува дека за справување со овие предизвици е потребно добро функционирање на институциите, особено, како што рече, оние кои се најважни за безбедноста.
- Бегалската криза, радикалните групи кои се присутни секаде, а во име на исламот, се сепак предизвик и за Регионот и за Македонија, но мора да се вмнимава да не се стигматизира цела религија, држава..., рече Рамадани.
Заменик-министерот за одбрана Илми Селами го дели ставот на соговорниците дека денешните модерни предизвици со кои се соочува Македонија се и предизвици и на останатиот свет. За справување со нив, рече тој потребно е изнаоѓање хибридни начини.
- Како мала држава е голем предизвик сами да се справиме. Затоа очекуваме помош од земјите од соседството и опкружувањето, но и од ЕУ. Мигрантската криза покажува и докажува дека модерните предизвици се повеќе не се во рамките на границите на една туку на повеќе држави, рече Селами.
Додаде дека заради тоа е потребана и меѓусебна соработка на сите земји, особно и регионално.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
