Безбедна водата за пиење во Скопје
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажува неделниот лабораториски извештај што го спроведува Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“.
Испитувањата се извршени од 16 до 22 декември на 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Скопје.
ЈП „Водовод и канализација“ потсетува и дека завчера, на 22.12.2024, изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување на 21.12.2024 година поради активности на претпријатието. Мониторингот опфати девет критични точки: Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош 3, од каде беа земени примероци од вода за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.
Согласно добиените резултати од неделното и завчерашното испитување, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега