-->
-->
Без вода утре корисниците од „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“
-->
Без вода утре ќе бидат корисниците од улицата „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Поради менување вентил на улицата „Франклин Рузвелт“ број 60, како што се појаснува во соопштението, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Станува збор за потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“.
Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Мишко Михајловски“ број 2б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување на работните активности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист