Македонија
2. November 2015 - 15:42

Без вода дел од Бутел

Без вода утре од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од општина Бутел до ПС-Радишани, Љуботенски и Раштански Пат.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот со водоснабдување е поради дефект на приклучна цевка ф-2ц на улицата „Бутелска“ број 45, а ќе трае се до неговото отстранување.