-->
-->
Без струја утре корисниците на две улици од Општина Центар
-->
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во електро-системот без електрична енергија утре ќе останат две улици во општина Центар.
Во време од 09:00 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Наум Наумовски-Борче“, кај кружниот тек, и корисниците од ул. „Коле Неделковски“ непосредно до кафуле Круг.
-->
-->
-->