Без струја утре делови од повеќе скопски општини
Поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија ќе бидат дел од општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Зелениково, информираат од РЦУК на Град Скопје.
Во време од 9 до 14 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од подулиците „93“, „101“ и околните улички во село Волково во општина Ѓорче Петров, а од 9:30 до 12:30 часот ќе биде магацинот на Кока Кола во населбата Гази Баба, општина Гази Баба.
Без струја утре од 11 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците од улицат „Скупи“ подулици „3а“ и „5а“ во општина Карпош, а од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Огњан Прица“ до бр. 23 и ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ во општина Кисела Вода.
Во период од 8:30 до 9 часот и од 14 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Ново Село, Гумалево, Тисовица, Пакошево, Смесница, Страхојадица, Добрино, Дејковци, фирмата „Спектар Комерц“, ЖТП Кадина Река и станицата „Зелениково“, а од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од фирмата „Спектар Комерц“ од село Пакошево во општина Зелениково.
Без електрична енергија утре од 9:00 до 13:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Мексичка“ и „Хелсинки“ во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”
-
Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг | ВИДЕО
-
Стапи во сила забраната на Трамп за влез во САД на државјани од 12 земји