Без струја утре делови од повеќе скопски општини
Без електрична енергија поради изведување технички зафати на електросистемот утре без струја ќе бидат делови од Центар, Чаир, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Карпош.
Во периодот од 8 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 164 во општина Центар, од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од Стара Чаршија во општина Чаир, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. „Иван Милутиновиќ“ и Стефан Јакимов Дедов во општина Центар, од 09:30 до 14:00 часот корисниците од ул. 70 во населба Волково, општина Ѓорче Петров, од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ул. „Мишко Михајловски“ во општина Кисела Вода, од 10:00 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. „Франц Прешерн“ во општина Карпош и од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул. „Тасино Чешмиче“ и ул. „Христо Чернопеев“ во општина Центар.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон