Без струја утре делови од Кисела Вода и Карпош, без вода дел од Центар

Без струја утре од 8.30 до 11.30 ќе бидат корисниците од ул. „Димо Хаџи Димов“ бр. 123 во Кисела Вода, а во оваа општина струја од 8.30 до 14.30 часот ќе немаат и корисниците на ул. „Јанко Мишиќ“.
Најавениот прекин е заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) по известување добиено од „ЕВН Македонија“.
Електрична енергија утре ќе нема и во делови на Карпош – од 9 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од ул. „Јурин Гагарин“ со броеви: 24, 30, 36а, 44а, 52, 58 и 70, бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 92, дел на ул. „Струшка“ и ул. „Козле“ од бр. 140 до бр.172, како и корисниците од објектите околу фирмата „Вериан ДООЕЛ“ на бул. „Илинден“.
Од 12 до 14 часот во општина Карпош струја ќе немаат и корисниците од објектите околу фирмата „Дот мебел“ на бул. „Илинден“.
РЦУК соопшти и за прекинато водоснабдување утре од 9 часот за корисниците на дел од улиците „Кирил и Методиј“ и „Даме Груев“ во општина Центар.
Според известување од ЈП „Водовод“, прекинот ќе биде поради отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа и ќе трае до завршување на интервенцијата.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
-

Зеленски до лидерите во ЕУ: „Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година, Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка“
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
