Без струја утре делови од Кисела Вода, Чаир, Карпош и Сопиште
Од 8 до 15.30 часот утре (21 септември) без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел ул. „Ѓорѓи Сугаре“ 16 и од ул. „Михаил Чеков“ број 4 и 9 во општина Кисела Вода, соопшти Центарот за управување со кризи по известување од ЕВН Македонија а.д..
Од12 до 14 часот утре струја ќе немаат и корисниците на ул. „Евлија Челебрија“ 1 и Детскиот театар Центар во општина Чаир, а од 9 до 12 часот и корисниците на дел од ул. „Јустинијан Први“, КАМ Маркет, Дисконт ГИГО Трејд и околните објекти до автобуската станица во општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. „Леринска“ – објектите со број 62А, 62Б, 64А, 64Б, 66А и 66Б во општина Карпош.
Според известувањето на ЕВН Македонија а.д., од 9 до 11 часот утре без електрична енргија ќе бидат и корисниците на ул. „Самоилова“ 94 и Фонд центар за исламска цивилизација во општина Чаир, од 9:45 до 13:30 часот корисниците на дел ул.„Козле“ околу броевите 107 до број 122, ул.„Козле“ подулица 2 и околните улици во општина Карпош.
Од10 до 14:30 часот струја ќе немаат и корисниците на дел од село Горно Соње напојуван од ТС Соње Коштан 8 во општина Сопиште.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит