Без струја утре делови од Арачиново, Аеродром, Бутел и Шуто Оризари
Без електрична енергија утре од 6:30 до 14:30 часот ќе останат дел од корисниците од село Арачиново, информираат од РЦУК Скопје.
Од 7:30 до 09:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 15 17, 18, 19 и 20 во општина Центар, а од 8:00 до 12:00 часот корисниците од ул.„Тодор Чангов“, под улици 41, 43, 51 и други околни во општина Аеродром.
Во периодот од 8:30 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул. 18 во населба Радишани, а од 9:00 до 14:30 часот корисниците од северниот дел на населба Визбегово во општина Бутел. Без струја од 9:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од ул.„Дринска“, од ул. „Нов Живот“ и ул. „Виничка“ во општина Шуто Оризари.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор