Македонија
6. March 2025 - 8:36

Без струја неколку улици во општините Аеродром, Сарај, Центар и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат неколку улици од општините Аеродром, Сарај, Центар и Ѓорче Петров.

Од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Богомилски поход“, во Општина Аеродром. 

Од 08:30 до 13:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од село Кондово, Општина Сарај. 

Дел од корисниците од село Волково, во Општина Ѓорче Петров без струја ќе останат од 09:00 до 14:00 часот, Општина Ѓорче Петров, додека од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. „Орце Николов“ (објектите во околината на Хотел – ИБИС) и дел од ул. „Никола Кљусев“ (објектите во околината на бр. 11, во Општина Центар.