Македонија
24. February 2017 - 11:16

Без струја делови од неколку општини

Без електрична енергија утре од 9 до 14 часот, ќе останат корисниците од ул.„Фјодор Достоевски“, како и објектот на фабриката „Уни Лукс“ во општина Карпош.

РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД соопшти дека на 27 февруари во период од 08:30 до 10 часот без електрична енергија ќе станат корисниците од дел од ул.„Манчу Матак“ во општина Ѓорче Петров, од 08:30 до 14 часот корисниците на дел од улиците „Ташко Караџа“, „Габреш“ и „Лазар Поп Трајков“ во општина Гази Баба, од 9 до 15 часот корисниците на дел од улиците „Брсјачка Буна“, „Нов живот“ и „Злетовска“ во општина Шуто Оризари, а во период од 11 до 14:30 часот корисниците на дел од улиците „Аминта Трети“ и „Никола Тримпаре“ во општина Центар.