Македонија
17. February 2025 - 8:35

Без струја делови од Карпош, Бутел, Кисела Вода и Аеродром

Корисниците од дел од улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Осло“ во општина Карпош денеска од 9 до 12 часот ќе немаат електрична енергија.

Како што соошти ЦУК по известување добиено од  ЕВН Македонија АД, од 11 до 14 часот без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул. „Александар Урдаревски“, блиску до клучката со обиколница, во општина Бутел.

Од 9 до 12 часот, електрична енергија ќе немаат и корисниците од ул. „Христо Татарчев“ 16 во општина Кисела Вода, а во периодот од 8 до 15 часот и корисниците од дел од село Долно Лисиче околу пекарата „Орешка“ во општина Аеродром.