Без струја дел од корисниците во општините Бутел, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, соопшти дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе останат дел корисниците во општините Бутел, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода.
Од 08:00 до 14:00 часот, без елекстрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Славеј Планина“, „376“, „Максут Садик“, „Стојко Јовановски“, „Прохор Пчински“ и дел од корисниците на бул. „Македонско-Косовска Бригада“ во Чаир, Општина Бутел.
Без струја од 08:30 до 10:00 часот, ќе бидат корисниците од ул. „1“ и „Шар Планина“ во општина Ѓорче Петров.
Од 09:00 до 12:00 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од ул. „Христо Татарчев“ 23, во Општина Кисела Вода.
Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од селата Кондово, Кучково, дел од Волково, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Бојане, Копаница, Радуша, во Општините Сарај и Ѓорче Петров.
Електрична енергија од 08:15 до 13:00 часот ќе немаат корисниците од улиците 4, 8 и 1635 во населба викана Економија-Сингелиќ, во Општина Гази Баба.
Од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците во Волково од кружен тек кон село Кучково.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
