Без проблем започна новата учебна година во кавадаречките училишта
Без проблем започна новата учебна година во кавадаречките училишта. Првачињата беа примени во образовниот процес со пригодна културно-уметничка програма, во изведба на постари ученици.
- Се надевам дека ова ќе биде најубавиот дел од вашето детство. Можноста за учење претставува богатство. Учете многу, не за еден ден, туку учете вредно, за да бидете добро едуцирани и образовани личности. Со добро знаење, добро срце, сторете нешто добро за светот, им порача Илинка Бакева, в.д директор во Основното општинско училиште “Страшо Пинџур”.
Добредојде во светот на образованието, бројките и буквите, во светот на училишната магија, посака и Блаже Велков, директор во училиштето “Тошо Велков Пепето”. На првоодделенците, тој им порача исто така, во училишните клупи да се чувствуваат како дома, а еден ден од таму кон новите животни предизвици, да заминат како културни, паметни и насмеани личности.
Ново на Сител
-
ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година
-
Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен
-
НАТО и Украина ќе разговараат по нападот со новата руска ракета
-
Трамп најави нови царини за Кина, Канада и Мексико
-
Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија
-
Ведро и студено, преку денот сончево
-
Состојба на патишта