Loading Video...
Фудбал
5. September 2019 - 19:54

Без Пандев против Израел

Македонската фудбалска репрезентација вечерва игра важен квалификациски меч за следното ЕП со домашната селекција на Израел.  Во нашиот табор се оптимисти дека домаќинот може да се изненади но само со голема борба по целиот терен.

Израел е селекција која е традиционално незгодна за нашиот национален тим иако последниот дуел и припадна на Македонија кога пред две години во мундијалските квалификации славевме победа од 1-0 со погодокот на Горан Пандев.

Претходно загубивме четири дуели во серија вклучувајќи го и последното гостување на Израел во Скопје кога нашиот вечерашен противник однесе победа од  2-1.

Во нашиот табор се оптимисти но и претпазливи бидејќи се работи за противник кој во последно време игра офанзивно и ефикасно.

Селекторот Ангеловски не размислува за противникот и очекува нашите репрезентативци да го дадат максимумот што сигурно ќе донесе добар резултат.

Здравствениот  рапорт вели дека капитенот Пандев нема да настапи но затоа од првата минута ќе заигра Адријан Адеми. 

Според последните информации Македонија мечот ќе го започне со Димитриовски на голот потоа во одбраната Ристовски, Велковски и Муслиу. Средниот ред е со Алиоски, Барди, Адеми, Николов и Бејтулаи и во нападот Елмас и Несторовски.

Средбата се игра во Бер Шева со почеток во 20.45ч.