Ракомет
8. April 2016 - 8:08

Без Никола Маркоски и Костески против Полска

По одржаниот тренинг во ЕРГО Арена селекторот на Македонија Ивица Обрван се реши на трибините за денешниот дуел со домаќинот Полска да останат пикерот Никола Маркоски како и десното крило Никола Костески.

Селекторите имаат право на две измени за време на квалификациите.

Почетокот на натпреварот Македонија - Полска е во 20:30 часот.