-->
-->
Без Македа и Стоилов вардарци отпатуваа на дуел против Целје
-->
Ракометарите на Вардар отпатуваа за Словенија на дуел против Целје во рамките на регионалната СЕХА лига.
Згуснатиот е распоред на вардарци во Лигата на шампионите и СЕХА лигата па затоа и овој меч со Целје ќе биде тежок за избраниците на Раул Гонзалес.
„Не очекува многу брз натпревар. Целје игра така секогаш кога е домаќин. Го гледавме нивниот мечот со Кјелце. Имаат и млади и поискусни играчи. Очекувам тежок меч. Треба да се биде подготвен за се, никогаш не знаеш како тие ќе играат. Ние треба да играме како и досега, сконцентрирани на она што не очекува“, изјави тренерот на Вардар.
Иако Вардар на овој меч ќе настапи без повредените Стојанче Стоилов и Хорхе Македа, пивотменот на црвено-црните Мијајло Mарсениќ смета дека тимот ќе најде сили да го добие и овој меч.
„ Нѐ очекува тежок меч после доста трошење на дуелот со Барселона, па потоа дојде и Загреб, и тука требаше да се потрудиме на почетокот. Така ќе биде и во Словенија, имаме мали проблеми со повредите. Ние сме европски прваци и треба така да се однесуваме, да сме мотивирани. Тие играат добро, играат со многу трчање, брзи напади и се надевам ќе го сопреме Млакар нивниот најдобар играч и дека ќе славиме во Словенија“, дополни Mарсениќ.
Натпреварот меѓу Целје и Вардар е закажан за утре со почеток од 17 часот и 45 минути. ит/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата