Без Делчев, Гули и Сандански Тамара ја испеа химната во амбасадата на САД

Синоќа во амбасадата на САД во Скопје се одржа свечен прием по повод националниот празник на САД, 4 Јули. На приемот присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени…. Нашата поп пејачка ја изведе македонската национална химна, но за време на интонирањето, случајно или намерно, ги изостави Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Јане Сандански.
Ваквиот нејзин потег предизвика бруни реакции во дијаспората, но и на социјалните мрежи. Обединетата македонска дијаспора повика на итно изјаснување и извинување од страна на амбасадата на САД во Скопје, Македонија, за неприфатливата грешна македонската национална химна испеана од Тамара Тодевска за време на приемoт по повод Ден на независноста 4 Јули.
„ОМД цврсто верува дека ова не е грешка, туку намерно, поради некои повици за промена на химната на Македонија (Тиранската платформа) бидејќи Бугарија инсистира на тоа овие историски личности да бидат етикетирани како бугарски во учебниците за историја на Македонија. Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ ако овие барања не бидат исполнети“, стои во реакцијата.
Ново на Сител
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
