Македонија
2. November 2015 - 15:32

Бесплатни тезги за продажба на зелка во Бардовци

Општина Карпош постави 40 тезги за продажба на зелка во село Бардовци кои ќе ги даде на времено бесплатно користење на продавачите на овој зеленчук.

Со поставените тезги, според општината, традиционалната продажба на зелката во Бардовци ќе се врши поорганизирано и похигиенски.

- Имајќи разбирање за тешката економската состојбата во државата, со единствена цел да им помогне на своите граѓани, тезгите што ги обезбеди општината им ги даде на продавачите на времено користење и  без надоместок, се вели во соопштението од Општина Карпош.