Бесплатни часови по лизгање за почетници на лизгалиштето „ЕУ за тебе“
Градот Скопје и Хокеј Федерацијa од утре овозможуваат бесплатни часови по лизгање за почетници на лизгалиштето „ЕУ за тебе“ во рамките на новогодишната населба Винтерленд на плоштад „Македонија“.
-Оваа нова содржина во Винтерленд за љубителите на зимските спортови ќе се одвива секојдневно во два термини: од 11 часот претпладне и од 20 часот навечер. Бесплатните часови ќе бидат организирани за групи до 20 пријавени лица, на кои ќе им држат обуки двајца професионални инструктори.
Заинтересираните за бесплатни часови по лизгање може да се пријавуваат секој работен ден во Информативниот центар на Град Скопје од 9 до 16 часот на телефонскиот број (02) 3297-255.
Новогодишната програма и „Винтерленд“ се финансиски поддржани од Делегацијата на Европската Унија која го обезбеди бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“ што е поставено на плоштадот Македонија како дел од новогодишната населба.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење