Бесплатна вакцинација против грип за ризични групи
Бесплатно против грип ќе може да се вакцинираат ризичните групи на граѓани, без ограничување во однос на примањата. Согласно со препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и Програмата за имунизација за 2019 година во категоријата ризични групи се опфатени: бремени жени во кој било период од бременоста, деца на возраст од шест месеци до 5 години, лица над 65-годишна возраст, лица со хронични заболувања, како и лица сместени во геронтолошки центри и вработени во овие центри и здравствени работници.
Како што соопшти денеска Министерството за здравство, информацијата со акциски план за проектот „Бесплатна вакцинација против грип за ризични групи, без ограничување во однос на примањата“ е усвоена на денешната 149. владина седница.
Со овој проект се планира Министерството за здравство по пат на јавна набавка да обезбеди околу 28.000 дози вакцини против сезонски грип, наменети за бесплатна вакцинација на лица изложени на зголемен ризик од тешки форми и компликации од грип.
– Средствата за оваа намена ќе бидат обезбедени во рамки на Програмата за задолжителна имунизација на населението за 2019 година, а вакцините ќе бидат распределени во Центрите за јавно здравје и по потреба во други овластени здравствени установи кои ќе ја извршуваат вакцинацијата. Лицата за кои е обезбедено бесплатно вакцинирање потребно е во службата за вакцинација да достават на увид потврда за хронично заболување заедно со упат издадени од матичен лекар. Закажувањето за вакцинација ќе се одвива преку електронскиот систем „Мој Термин“, се вели во соопштението.
Вакцинацијата, истакнува ресорното Министерство, е една од најважните превентивни мерки за заштита на здравјето на луѓето. Со навремена и ефикасна превенција од сезонски грип, освен позитивните ефекти во однос на зачувувањето на здравјето на населението, вакцинирањето и спречувањето на појава на болест доведува до финансиски заштеди во здравството по однос на лекови, болнички денови, средства за боледувања, како и отсуства од работа.
Вакцината против сезонски грип создава имунитет по 14 дена од вакцинација, кој трае околу 8-10 месеци. Најдобар период за вакцинирање со вакцина против грип е од септември до крајот на ноември секоја година, но вакцината може да се даде во тек на цела сезона (од септември до март).
Во изминатите години во нашата држава годишно се вакцинираат од 15.000 до 45.000 лица. Минатата година се воведе бесплатна вакцинација против сезонски грип за лица над 65-годишна возраст со просечна пензија и пензија под просечната, како и лица без пензија. Оваа мерка се воведе првпат како пилот, а на овој начин се заштитени од грип и компликации најранливите групи стари лица, кај кои има и најчести компликации.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак