Бесплатна СОС линија за жени жртви на семејно насилство

Жртвите на родово базирано и семејно насилство можат да побараат помош на бесплатна СОС линија, што овозможува помош во состојба кога насилството е акутно, поддршка за справување, надминување и излегување од состојбата на жртва, како и придружување и поврзување со институциите надлежни за решавање на проблемот со семејното насилство.
Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) информира дека за таа цел во функција 24 часа/365 дена во годината е бесплатната национална СОС мобилна линија на броевите 070 141 700; 075 141 700 и 077 141 700.
Во соопштението НСРР наведува дека организацијата повеќе од 20 години работи на проблемот со насилството врз жените и семејното насилство, дава помош и поддршка на жени кои се соочуваат со овој проблем.
Организацијата располага со долгогодишно искуство во директна работа со жртвите, екипирани и искусни тимови на операторки, обезбедено бесплатно јавување на оние кои имаат потребе од помош, а се во интерес на жените жртви и надминување на проблемот со семејното насилство.
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
