Бесплатен превоз за кумановци до крајот на годинава
Кумановци ќе имаат бесплатен превоз до крајот на годинава, изјави денеска градоначалникот, Максим Димитриевски. Според него, бесплатниот превоз e мерка корисна за сите категории граѓани. Во градот функционираат 27 линии со 54 возила кои покрај во градот, превезуваат патници и до руралните средини, меѓу нив и до селата оддалечени и по 20-тина километри.
- Како општина ги субвенционираме превозниците со денари по изминат километар. Годишна субвенција е милион евра, кои значат за општината како средства, но и придонесуваат граѓаните во просек да се превезуваат од осум до 16.000 качувања според проценките на диспечерскиот центар, изјави Димитриевски.
Тој напомена дека е распишана постапка за нови постојки и ги повика компаниите да се пријават. Димитриевски кажа дека целта е да се намали бројот на возила во градот, да се елиминираат „дивите“ такси превозници и да се создаде долгорочна навика за користење на превозот.
Кумановскиот градоначалник кажа дека веќе од наредните години ќе се бара превозниците да користат посовремени возила.
- Иако не ветивме, другите ветија, ние сме единствениот град во државата кој нуди ваква субвенција за сите категории граѓани, изјави Димитриевски.
Опозицијата реагираше дека е огромна сумата која се одвојува за превозот. Дел од граѓаните пак реагираат дека одредени категории граѓани ја злоупотребуваат мерката и бараат од превозниците, учениците да имаат предност при користење на превозот во термините кога почнува првата и втората смена во средните и основните училишта од градот.
Ново на Сител
-
Галетановски: Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во Зоолошка
-
Хрватска ја качува минималната плата на 750 евра
-
Откриени два случаи на криумчарење мигранти
-
Серија апсења на повеќе локации во Македонија - Приведени 11 лица
-
Путин: Саудиска Арабија би била добар домаќин за мировни преговори
-
Тешка сообраќајна несреќа во Охрид - Повредена 43 годишна жена
-
Перински: Нема законска можност општините да финансираат Албанска академија на науките
-
Најниска тепература утрово во Берово, дневните ќе достигнат до 20 степен