Бесими се сретна со амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, Суомалаинен
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска имаше средба со новоназначенот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорката Нина Суомалаинен, соопшти СЕП.
На средбата Бесими ја истакнал важноста на претстојните предвремени парламентарни избори за иднината на земјата, но исто така и за одржување на препораката за почеток на преговори за пристапување кон ЕУ, потребата да се испорачааат повеќе конкретни резултати во приоритетните реформски обласи, како и позитивната страна на измените и дополнувањата на Изборниот законик кои беа усвоени со консензус меѓу главните политички партии.
Вицепремиерот Бесими се заблагодарил за поддршката која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја дава на македонските власти за спроведување на интегриран систем за образование и за градење на капацитетите на државните службеници во меѓународните демократски стандарди и принципи, а исто така помага со изборните реформи, обучува полициски службеници, и помага со процесот на реформи во судството.
Тој нагласил дека Извештајот за напредокот за 2015 година е објективен одраз на постигнатиот напредок во изминатата година и дава реална проценка на целокупната подготовка на земјата во исполнување на критериумите за членство во Унијата, а дава и јасни насоки за активностите кои треба да се преземат во наредниот период, во поглед на обврските кои произлегуваат од Итните реформски приоритети на Европската комисија.
Амбасадорката Суомалаинен нагласила одредени аспекти од Извештајот за напредокот од Европската Комисија, особено, како што посочила, оние кои се тесно поврзани со мандатот и активностите на Мисијата на ОБСЕ. Од страна на соговорниците бил дискутиран и Владиниот Акциски План за итни реформски приоритети, за што била понудена поддршка и помош од страна на Мисијата на ОБСЕ.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина