Бесими: Се размислува за викенд без ДДВ за прехранбени производи за време на празници
– Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска обелодени дека се размислува да се воведе викенд без ДДВ кој ќе важи само за прехранбените производи и кој би се спровел во текот на една или две недели за време на празници.
– Сакаме да им дадеме можност пред се за граѓаните со понизок социјален стандард за време на празниците да си дозволат да слават, а да не плаќаат данок. Мислам дека како општество можеме да си го дозволиме тоа, рече Бесими на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со премиерот Димитар Ковачевски го презентираа новиот даночен концепт.
Исто така се размислува и за одданочување на екстра профитот што го остваруваат некои големи компании. Ваквата идеја, како што посочи Бесими, произлегла од јавните дебати што беа организирани во изминатиот период за концептот на даночната реформа но, за ова најави дека ќе се разговара со бизнис заедницата со цел да се изнајде најсоодветното решение.
– Направивме симулации. Ако таква мерка се применеше за 2021 година во Буџетот ќе имавме инкасирано 50 милиони евра за оваа година. Ќе следи јавна и интензивна дебата со јавноста и бизнис заедницата дали кај нас има услови тоа да го направиме, рече Бесими.
Ново на Сител
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот
-
Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“
-
Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие