Македонија
25. December 2015 - 8:47

Бесими на средба со министерот за правда Аднан Јашари

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими денеска со претставници на Секретаријатот за европски прашања ќе оствари средба со министерот за правда Аднан Јашари и неговиот  тим.

Посетата на Министерството за правда се реализира со цел натамошно следење на имплементацијата на Итните реформски приоритети кои се во надлежност на Министерството за правда во делот на правосудството, борбата против корупцијата и слободата на изразување и медиуми.