Бесими: МФ не е адресата за протести на синдикатите, ниту институција кога преговара со нив
Во ребалансот го има она што е дефинирано. Не можеме да предвидиме работи кои не се дефинирани. Дека е ветено нешто, тоа не можам да потврдам во однос на ребалансот, но дека се разговара, се разговара. Владата покажа само во 2022 година колку направи во однос на економско-социјалниот дијалог, како за минималната плата, така и за пензионерите и образованието. И со овој Синдикат преговорите се во тек, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, одговорајќи на новинарско прашање во врска со барањето на ССМ за линеарно зголемување на платите.
Бесими порача дека Министерството за финансии (МФ) не е адресата за протести на синдикатите, ниту е институција кога преговара со нив.
-МФ не е институција која преговара со синдикатите. Нашата задача е во однос на политиките – да се обезбедат финансиски средства, да кажеме колку има фискален простор за одржливи политики за тоа да се исполни. Вчера друг синдикат имал протести пред МФ, но МФ не е адресата. Важно е да знаеме дека во делот на преговори, ние во фаза кога се работеше ребалансот, немаше завршени преговори или решение, не можеме да предвидиме работи кои не се дефинирани. Од тие причини, кажав дека во моментот се предвидуваат средства што се дефинирани – ефектот на минимална плата и усогласување, како и сите други политиките во однос на плати – седум отсто во високо образование, по пет отсто МВР и здравство, 15 отсто јавно обвинителство и судство и дополнителни 15 отсто во основно и средно образование кои беа преговарани во овој период, објасни Бесими.
Владата, потенцира министерот, има историја и факти дека пристапува сериозно кон преговорите и економско-социјалниот дијалог и доаѓа со решенија кои се одржливи.
Ново на Сител
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин