Бешлиовска: Очекуваме аргументи во случајот со бебето на Детска
Очекуваме релевантни факти и аргументи во случајот со бебето на Детската клиника, во моментов не согледуваме вина кај медицинската сестра. Ќе се воздржиме, додека да ги добиеме релевантните аргументи од комисијата што ќе го разгледува случајот. Веруваме во институциите и во Министерството за здравство дека правилно ќе се расчистува случајот, нагласи во денешната изјава за медиумите, Гордана Бешлиовска, претседателка на унијата на здруженија, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - „За нас“, околу актуелните случувања на Детската клиника, а „во врска со тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче“.
- Во нашата земја во моментов работат околу 9.200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти. Затоа од име на Унијата на медицински сестри, упатувам реакција и ја повикувам стручната комисија, јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, наведе таа претходно, во писмена изјава.
Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди во изјава за МИА во саботата најави дека во тек е формирање комисија, што ќе го истражува случајот со тримесечното бебе.
- Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето. Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот, најави Мемеди.
Како што појасни директорот, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи.
Се очекува комисијата денеска да има состанок и како што е најавено, да ги разгледа сите аспекти и да биде донесена одлука согласно законските и етичките норми.
Директорот на Детската клиника, Мемеди заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на бебето. Министерот на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана.
Ново на Сител
-
Упорноста ни донесе милионски прегледи | Браќа Арџиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 067
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина