Беса бара укинување на владината одлука општините да не можаат да основаат јавни претпријатија
Апсурдно и спротивно на нормативите за локална самоуправа е одлуката општините да немаат право да основаат јавни претпријатија и затоа од Владата бараме да ја укине оваа одлука, истакна градоначалникот на Општина Желино од редовите на Движењето Беса, Блерим Сејдиу.
– Крајно сме револтирани од неодамнешната одлука на Владата на Северна Македонија со која им се забранува на општините да основаат јавни претпријатија за јавно осветлување со што ризикува општините и граѓаните да останат без јавно осветлување. Оценуваме дека оваа одлука е политичка со која се оневозможува општините кои се предводени од опозицијата да управуваат со јавното осветлување ефикасно и во служба на граѓаните. Со оглед на фактот дека таксата за јавно осветлување што ја плаќаат граѓаните е фиксна, општините не можат да ги покријат трошоците за струја доколку ги принудат да обезбедат струја на слободен пазар каде цените секој ден растат, рече Сејдиу.
Според Сејдиу, ставот на власта дека општините ќе го злоупотребуваат формирањето на јавните претпријатија е многу тенденциозно, бидејќи, како што вели, е многу добро познато дека „централната власт не само што потфрли со преземените мерки за ублажување на последиците од енергетската криза, туку со оваа одлука таа исто така се обидува да ги натера општините да ги спречат да не им служат на своите граѓани“.
– Сакаме да ја потсетиме Владата дека општините предводени од Движењето Беса се едни од ретките општини кои не ја злоупотребиле електричната енергија, напротив ги презедовме сите неопходни мерки за справување со кризата. Исто така, сакаме да ја информирање јавноста Движењето Беса ќе ги информира сите надлежни институции и дипломатски претставништва за оваа политичка одлука на Владата, рече Сејдиу.
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
