-->
-->
Берто: ЕУ не може да им се меша на Македонија и Србија за економските мигранти
-->

Европската комисија денеска призна дека Европската унија не може да се меша во внатрешните работи на Република Македонија и на Србија во однос на (не)прифаќањето на мигрантите што во огромен број доаѓаат на нивните грании, јави дописникот на МИА од Брисел. Портпаролката на Еврокомисијата задолжена за миграциски прашања, Наташа Берто, запрашана на прес-конференција како Брисел гледа на забраната за влез на сопствена територија на економски мигранти, што веќе една недела ја спроведуваат Македонија и Србија, одговори дека ЕУ нема надлежност за одлуките на овие две земји.
- Европската агеција за граници “Фронтекс” оперира само во Европската унија и во рамки на земјите-членки на ЕУ. Трети земји како овие две (н.з. Македонија и Србија), ние не можеме да регулираме како тие можат да враќаат економски мигранти на друга територија, истакна Берто.
Со овој став на гласноговорничката, неформалната Влада на ЕУ даде до знаење дека селектирањето што македонските и српските погранични служби го имаат во однос на мигрантите, односно пропуштање само на лица од Сирија, Ирак и Авганистан (територии зафатени од воен виор) е на еден начин премолчено одобрено од страна на Брисел. Ова посебно што и Хрватска и Словениja го прават истото, а двете се членки на Европската унија, додека Словенците се и во рамки на Шенген-зоната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, да не бевме ние во Данска ќе се зборуваше германски и јапонски
-

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите
-

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
