-->
-->
Берово повторно има училиште со статус „Зелено знаме”
-->

Деветолетката „Дедо Иљо Малешевски” од Берово повторно се вброи во еко училиштата кои се здобија со статус „Зелено знаме”. Како што истакна директорката на деветолетката, Наташа Аврамска, добивањето на овој статус е заслуга на учениците и сите вработени во училиштето.
– Со самиот тој статус за нас како училиште, се отвораат можности за аплицирање на идни проекти во делот на екологијата со што бенефит ќе имаат самите ученици, родителите и пошироката јавност. Им благодарам на учениците и сите вработени во училиштето кои се најголемите виновници што повторно станавме еко-училиште со „Зелено знаме”, истакна Аврамска.
Додава дека добивањето на зеленото знаме за беровската деветолетка е уште еден доказ дека во општина Берово се работи на подобрување на условите во училиштата, подигање на еколошката свест и подобрување на образовниот процес.
Деветолетката од Берово овој статус го доби поради исполнување на критериумите за наградување на еко-училиштата со Зелено знаме. Во нив спаѓаат реализацијата на седум чекори еко-менаџмент, интегрирање на девет еколошки теми во наставата и постигнати резултати од реализацијата на еко-стандардите во училиштата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
