Берово полно со туристи за новогодишните празници

За новогодишните и божиќните празници Берово ќе биде преполно со туристи. Сите сместувачки капацитети се резервирани уште пред еден месец, а за новогодишниот викенд најбројни се гостите од соседна Бугарија.
- Целокупниот капацитет е распродаден и ги привршуваме подготовките. И оваа година мора да кажам дека 80 отсто од гостите се од Бугарија. Имаме гости и од Македонија, но поголем број се од Бугарија. Подготовките се при крај, веќе првите гости пристигнаа, а ние како домаќини во програмата вклучуваме се што може на нашите гости да им ја раскаже малешевската зимска приказна, рече Ирена Коловска од хотел „Манастир“ од Берово.
И во приватните викенд куќи на Беровско Езеро за новогодишните и божиќните празници се исполнети капацитетите.
- Сите вили се полни, а имаме гости од Скопје, Штип, традиционално и од Куманово, но и од соседна Бугарија. Нашата вила е резевирана уште есента. Ме радува фактот што гостите вече кај нас доаѓаат по традиција, значи им се допаѓа нашето гостопримство и убавата Малешевска природа, чистиот водзух, нашите специјалитети, вели Зоран Ајтовски, сопственик на вила „Лина“.
За туристите и домаќините, Општина Берово за дочекот на Новата година организира и забава на градскиот плоштад со локален бенд, како и топли пијалоци.
Во Делчево, пак, како погранично место и за дочекот на оваа 2018 година најбројни се гостоте од соседна Бугарија. Резревираните сместувачки и угостителски капацитети се исполнети и до 90% со гости од соседна Бугарија, најбројни се гостте од округот на Благоевград.
Ново на Сител
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
-

Истите двајца за пет дена три пати нападнале малолетници во Штип, еден од нападите го снимале со телефон
-

Потрошувачката кошница над 58.000 денари, синдикатите против скратување на празниците
-

Утре дожд и силен ветер, нови врнежи се најавуваат и за викендот
-

18-годишниот Огнен кој пронајде и врати 4.000 евра доби плакета од градоначалникот на Делчево
-

Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
-

Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ
