Беровчани се приклучуваат во одбележувањето на Европската недела на мобилност
По повод „Европската недела на мобилност“ Општина Берово на 23 септември организира „Ден без автомобили”. Целта на настанот, како што информираат организаторите, е да се охрабрат граѓаните, користењето на автомобили да го заменат со пешачење или користење на велосипеди.
– Претстојната активност, ќе ја предводат учениците од основните и средното училиште од Берово, со возење на велосипеди, а се очекува да им се приклучат и граѓаните. Стартот на дефилето е од пред деветолетката „Дедо Иљо Малешевски”, а маршутата на движење понатаму продолжува по улица „Маршал Тито“, потоа до Градскиот музеј, улиците „Мирче Ацев” и „Моша Пијаде”, се до раскрсницата кај диско клуб Калипсо. Маршутата на движење ќе заврши во близина на улицата кај полициската станица, и улиците „Партизанска” и „Маршал Тито”, каде велоспиедистите повторно ќе се вратат пред деветолетката „Дедо Иљо Малешевски”, информираа од Општина Берово.
За безбедно одвивање на настанот, од општината информираат дека предвиден е прекин на сообраќајот на улица „Маршал Тито“, пред основното училиште, во траење од 12:00 до 14:00 часот.
Стартот на таканаречениот настан „Ден без автомобили“ е е закажан во 13 часот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден