Берлин: Велика Британија ќе нема посебни привилегии во ЕУ
Велика Британија не треба да ужива никакви посебни привилегии по преговорите за нејзиното излегување од Европската Унија, изјави Фолкер Каудер, лидер на парламентарната група на германската владејачка Христијанско демократска унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел.
- Нема да има подароци за Велика Британија, рече тој категорично за телевизијата АРД.
Сепак, Каудер призна дека Велика Британија е важен економски и трговски партнер на Германија, особено во автомобилската индустрија, и е многу важно преговорите да гарантираат тие односи да продолжат.
Слично како и Меркел, и Каудер зазеде помека и повоздржана позиција по прашањеето околу тоа дали треба да се брза со Брегзитот, иако, меѓу другото, рече дека нема да е лошо Лондон да го активира член 50 во скоро време.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава