Берлин обезбеди 250.000 евра за уништување на вишокот муниција во БиХ
Амбасадорот на Германија во Босна и Херцеговина, Кристијан Хелбач и претставничката на Програмата за развој на ОН (УНДП) во БиХ, Сезин Синаноглу, денеска во Сараево потпишаа договор за доделување на средства за втората фаза на проектот за уништување на вишокот муниција во земјата „Експлоуд“, во износ од 250.000 евра.
Согласно договорот, освен средствата, Германија ќе даде свој придонес и во уништувањето на повеќе од пет милиони парчиња муниција во Босна и Херцеговина.
Како што јави Фена, средствата ќе биде искористени и за унапредување на знаењето на квалификувани личности во оваа област во периодот од 2016 до 2017 година.
Во 2015 година преку проектот „Експлоуд“, кој знаеднички го имплементираат Министерството за одбрана на БиХ и УНДП, се уништени 5,4 милиони парчиња муниција со финансиска помош на Германија и други донатори.
Во БиХ постојат уште околу 21.000 тони залихи на муниција, поради што е многу важно да се продолжи поддршката во процесот на уништување на нестабилната муниција, оцени УНДП.
Ново на Сител
-
Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ
-
Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик
-
Лишен од слобода крадец во тетовско
-
Во Неготинско физичка пресметка помеѓу татко и син
-
Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно
-
Денеска се празнува Св. великомаченик Мина
-
„Конзулката од Битола“- кукла робот во Градското шеталиште
-
Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва