Берлин не платил откуп за ослободената новинарка и нејзиното бебе
Германската влада тврди дека никогаш, вклучително и во последниот случај со киднапиран германски граѓанин, не плаќа откуп на киднаперите.
Германската новинарка која што беше киднапирана минатата година во Сирија а која што се породи во заложништво вчера е ослободена заедно со нејзиното бебе, објави германското министерство за надворешни работи од каде се тврди дека мајката и детето се ослобоени без киднаперите да ги добијат бараните пет милиони евра.
По ослободувањето мајката и бебето биле префрлени на турска територија по што се очекува нивни трансфер во татковината.
„Германската државјанка и нејзиното дете кое што е родено во заложништво се добри со оглед на околностите. За нив сега се грижат германски конзуларни работници и припадници на германската полциија“, се вели во изјатата на германското МНР, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Новинарката на возраст од 27 години чие што име не се објавува работела хонорарно за германски медиуми а во Сирија заминала со цел да подготви екслузивна приказна. Според германските медиуми новинарката е киднапирана во октомври минатата година од страна на група блиска на радикалната исламска организација Фронтот Ал - Нусра која што според медиумски извштаи барале откуп од 5 милиони евра.
Припадници на групата позната како „Фатех ал Шалам“ негираат дека се поврзани со киднапирале новинарката која се породила во декември и тврдат дека тие се заслужни за нејзиното ослободување.
Ново на Сител
-
Скопјанец ја убил сопругата, приведен на Табановце при обид за бегство
-
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Пpeд конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети
-
Здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, тврди доктор Динчиќ
-
Николоски: За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и стандарди
-
Најмалку 57 лица починаа во Газа од неисхранетост
-
Премиерот и лидер на австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија прогласи победа на парламентарните избори
-
Исплатени 49 658 739 денари поддршка на 761 оризопроизводител