Свет
4. July 2016 - 21:25

Берлин: Најмалку 17 терористи на ИД влегле во Европа како бегалци

Најмалку 17 припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) влегле на територијата на Европа претставувајќи се како бегалци, откри шефот на Германската контраразузнавачка агенција (БФВ), Ханс Георг Маасен. 

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во интервју за весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, Маасен вели дека најголем дел од нив се „или в затвор или се загинати“,

Дел од членовите на ИД загинале за време на терористичкиот напад во Париз, открива Маасен, кој на почетокот на годинава во интервју за телевизијата Ен-Би-Си изјави дека џихадистичката група уфрла терористи во Европа маскирани како бегалци и дека секој бегалец може да биде опасен по европската безбедност. 

Според иѕвештајот на неговата агенција, објавен минатата недела, Европа се соочува со нова димензија на исламски тероризам и дека мора да се предвиди дека ИД планира понатамошни напади на цели во ЕУ, вклучително и во Германија.