-->
-->
Берлин ќе добие нова влада, АФД освои 22 пратенички места
-->

Одличниот резултат на националистичката Алтернатива за Германија (АФД) која освои над 13% од гласовите на изборите во главниот град Берлин ќе предизвика промена во покраинската влада.
Наместо коалицијата меѓу Социјалдемократите (СПД) и Христијанските - Демократи (ЦДУ) кои го водеа Берлин во последните 5 години во иднина СПД ќе мора да бара нови партнери , најверојатно меѓу „Левицата“ и „Зелените“ кои што освоија по околу 16 % од гласовите.
Во парламентот на Берлин (кој заедно со Бремен и Хамбург се единствени градови - покраини) влегуваат и „Слободните демократи“ (ФДП) и националистите од АФД кои што ќе имаат 22 од вкупно 149 пратенички места, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Значителен број на гласови освои и „Партијата на пиратите“, околу 1,7 %, а сите останати партии околу 6,5 %.
За да формира стабилна влада старо новиот градоначалник Михаел Милер од СПД која освои 23 % од гласовите , мора да внесе уште најмалку две партии во новата влада.
Со оглед на тоа што заедно со ЦДУ имаат само 66 пратеници а потребни се 75 за мнозинство, во игра е коалцијата на СПД со „Зелените“ и „Левицата“ при што новата влада ќе има вкупно 89 пратенички места.
Втората варијанта која е помалку очекувана е коалиција на СПД со ЦДУ и „Зелените“ при што би се дошло до стабилна покраинска влада со 92 пратенички места.
Без разлика на составот на новата влада на мултикултурниот Берлин, и партиите и аналитичарите подемот на АФД, која засега влезе во 10 од 16 германски покраински парламенти, се смета за опасност за германската политичка стабилност и враќање на национал - социјализмот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
