-->
-->
Берлин го поздрави развојот на настаните во Македонија
-->
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски ja започна работната посета на Германија во текот на која денеска и утре ќе оствари работни средби со повеќе претставници на германските институции.

Денеска заменикот претседател на Владата Попоски се сретна со претсдателот на парламеантарната група за Југоисточна Европа Штефан Албани, кој го поздравил развојот на политичките состојби во Македонија и извесното одржување на предвремените избори на 11 декември. Попоски денеска се сретна и со други членови на германскиот Бундестаг, Хајнц Визе, Јоханес Зеле, Јохан Вадефул и Никола Јуратовиќ.
- Дискусиите кои што ги имавме се одвиваа во насока на обезбедување посилна поддршка од страна на Германија за зголемен интензитет во евроатланските интеграции, тоа е од највисоко значење во овие моменти во кои самата Европска Унија се соочува со проблеми. Значајно ќе ни биде да ја имаме поддршката од институциите во Германија и особено Парламентот, кој одлучува по однос на прашањата за проширувањето. Очекувањето во Берлин секако е успешно спроведување на изборите. На добар пат сме тоа да можеме да го реализираме на 11 декември, а секако потоа ќе треба да се вратиме на оние основни приоритети во политичкиот дел, европската интеграција и во еконосмкиот дел зголемена агресивна присутност за зголемени странски инвестиции за што разговаравме во Берлин, изјави вицепремиерот Попоски за МИА по средбите во Бундестагот.
За бизнис односите меѓу Германија и Македонија Попоски во Берлин денеска разговараше и со првиот човек на Комисијата на германското стопанство за Источна Европа Михаел Хармс. Хармс го потенцираше двоцифрениот раст на трговската размена меѓу Македонија и Германија и најави активности меѓу германските бизнисмени за промоција на Македонја како поволна бизнис дестинација.
- Мислам дека треба да работиме на подобрување на имиџот на Македонија како добра дестинација за странските директни инвестиции. За тоа можат да потврдат и дел од компаниите кои се наши членки, а кои што инвестирале во земјата, изјави Хармс на средбата со македонскиот вицепремиер.
Попоски утре во Берлин на покана на шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер ќе учествува на министерски состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
