Берлин без официјална потврда за доделен азил за турските војници
Германските власти се уште официјално не ги потврдија информациите дека им дале политички азил на припадници на турската Армија, кои по ланскиот неуспешен обид за воен удар во Турција, побарале заштита во Германија.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, официјалните германски претставници не ги коментираат извештаите на медиумите дека германската Агенција за миграции и бегалци им дала статус на азиланти на турски државјани.
Според извештаите, се работи за неколку турски воени и цивилни претставници, кои биле стационирани во бази на НАТО во Германија и кои беа отпуштени од турската Армија по обидот за воен удар,
Германските власти од јули минатата година, па досега, примиле 414 барања за политички азил од страна на турски државјани, а меѓу нив е и военото аташе на Амбасадаѕа на Турција во Берлин.
Доколку информациите на германските медиуми се потврдат како точни, можна се нови тензии во односите меѓу Берлин и Анкара.
Пред последните обиди за смирување на тензиите меѓу двете земји, Берлин и Анкара во некоку наврати имаа сериозни дипломатски инциденти, а минатиот месец по забраната за одржување на собири поврзани со референдумот за поголеми уставни ингеренции за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, тој ги обвини германските власти дека се однесуваат како фашистите во Втората светска војна.
Предходно, Турција ја обвини Германија дека им пружа засолниште на членови на терористички организации, кои се обидуваат да ја урнат турската влада.
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение против три лица кои запалиле кафуле во Кисела Вода
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност
-
Состојба на патишта
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен