Берлин бара одговорност од Москва и Техеран за хемискиот напад во Сирија
Германската влада денеска обвини дека и Русија и Иран имаат одговорност за вчершниот хемиски напад кој наводно е сторен од страна на силите под контрола на претседателот Башар Ал Асад врз региони под контрола на неговите противници.
„Сојузната влада смета дека одговорност за нападите имаат и Русија и Иран, коишто се сојузници на режимот на Асад“, објави денеска германското Министерство за надворешни работи.
Како што јавува дописникот на МИА од Берлин германското МНР е уверено дека без масивната воена помош на Техерен и Москва за режимот на Асад, тој ќе беше принуден да започне сериозни преговори за изнаоѓање на политичко решение.
Десетици луѓе од кои голем број деца загинаа во вчерашниот напад на северозапад на Сирија за кој што претседателот Асад тврди дека е извршен од неговите воени и политички противници. Во текот на вчерашниот ден руската армија објави дека за време на нападот над подрачјето на инцидентот во воздух немало авиони под контрола на сирискиот претседател а Обединетите Нации побараа итна истрага за трагедијата чии сторители би можеле да се соочат со меѓународен суд за злосторства против човештвото.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд