Фудбал
25. September 2017 - 23:22

Бери нов рекордер во Премиер лигата

Герет Бери е новиот рекордер во Премиер лигата по бројот на одиграни натпревари. Тој вечерва во дресот на ВБА го одигра 633 натпревар против Арсенал. Досега рекордер беше Рајан Гигс со 632 натпревара.

Во својата кариера тој има настапувано за четири клуба досега: Астон Вила, Манчестер Сити, Евертон и ВБА, притоа има постигнато 52 гола.